Машката младинската репрезентација на Македонија (У20) ги продолжува настапите на Европското првенство во Романија.
По трите убедливи порази во првата групна фаза и денот одмор македонските младинци, денеска ќе играат против Австријците.
Тоа е натпревар од групата 2, а во разигрувањето за пласман од 9 до 24 место. Во неа покрај Австријците кои пренесоа два бода од првата рунда, противник на Македонија ќе биде и Летонија која како и нашата стартува со нула. Имајќи во предвид дена во оваа конкуренција е и Норвешка која ја победи Македонија со пет голови разлика, јасно е дека денешниот натпревар со Австријците е од огромно значење.
Евентуална победа на македонските младинци ќе им ги зголеми шансите за едно од двете места на табелата во оваа конкуренција. Тие водат во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место. Пораз би значел и разигрување за послабите позиции во конечниот поредок од 17 до 24 место.
Денешниот дуел меѓу Македонија и Австрија ќе почне до 11 часот.


































