Македонскиот тенисер Калин Ивановски оствари нова победа на турнирот во Загреб.

Ивановски го совлада Павлос Циципас со 2-0 во сетови. Калин покажа одлична игра во клучните моменти.

Првиот сет донесе голема борба и неизвесен тајбрејк. Ивановски го доби тај-брејкот со 10-8 на поени. И во вториот сет се играше израмнето. Сепак тој не замина во тај-брејк бидејќи Ивановски го доби со 7-5.

Павлос е најмалиот брат на грчката ѕвезда Стефанос Циципас. Сепак, тој е квалитативно далеку од него.

Со оваа победа македонскиот тенисер обезбеди место меѓу најдобрите осум во Загреб.