Деветтиот натпреварувачки ден на Мундијалот ги носи дуелите од 2.коло во Ц и Д групите.

Американците кои се ко-домаќчини на Мундијалот, денеска можат да им се приклучат на Мексико и Канада. кои исто така се организатори, во втората фаза. Затоа пак за Бразил и Турција, денешните дуели се со императив на победа.

Програмата ќе биде отворена со дуелот во Сиетл, каде Американците за противник ја имаат Австралија која во првото коло ја победи Турција. Затоа Турците ќе треба да се вадат и да ги задржат шансите за пласман понатаму, во дуелот со Парагвај.

📅 👑 Д група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови

Селекцијата на Бразил иако важи за голем фаворит па дури и за титулата, сепак Кариоките не убедливи го почнаа првенството. Нерешениот резултат против Мароко, ги доведе во ситуација Бразилците сега да се вадат во дуелот со аутсајдерот Хаити.

Вториот натпревар од оваа група може и тоа како да решава за двете позиции што директно водат во 1/16-финалето. Шкотите имаат три бодови, а Мароканците како и Бразилците по еден. Затоа дуелот меѓу Шкотска и Мароко што ќе се игра на полноќ ќе биде многу интересен.

📅 👑 Ц група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови