Холандија и Јапонија одиграа фантастичен натпревар, на своето преставување на Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико. Дуелот во Далас, а во рамките од Ф групата заврши без победник 2:2.

По мирното прво полувреме во кое двете селекции создадоа по некоја шанса, но не постигнаа гол, во второто беа постигнати четири.

Холанѓаните поведоа во 50.минута со голот на Ван Дајк. Нивната радост не траеше долго бидејќи Јапонија израмни во 57.минута, а стрелец беше Накамура.

Холандија повторно ја вратија предноста преку Самервил веќе во 64-тата минута. Популарните „Самураи“ не се откажаа и уште еднаш го потврдија својот борбен карактер. По корнерот од десната страна, Окава најдобро се снајде во шеснаесетникот на Холанѓаните и го израмни резултатот.

Овој досега беше најдобриот натпревар на Мундијалот, а го одбележаа и навивачите на двете селекции кои во текот на целиот меч, не престанаа со поддршката на своите фудбалери.

Вториот натпревар од оваа група ќе се игра доцна ноќеска (4 часот). Во Монтереј, Мексико ќе се сретнат Шведска и Тунис.

📅 👑 Ф група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови