Македонската тениска репрезентација со пораз го почна настапот во Третата Европска група од Дејвис купот.
На натпреварувањето во Кишињев, Молдавија, македонските тенисери се поразени од домашните со 1:2 во мечевите.
Иако добро тргна за Македонија со победата на Калин Ивановски. Во првиот сингл меч Калин со 2-1 во сетови го совлада Иља Снитари, но следните два им припаднаа на Молдавците.
Причина за тоа по се изгледа е не подготвеноста (евентуална повреда) на Олег Приходко.
Тој го предаде вториот сингл меч иако го доби првиот сет против Раду Албот. Македонскиот тенисер првиот го реши во своја полза во тај-брејк, а го загуби вториот (7-6 (10-8) , 5-7). Приходко имаше проблеми со грчеви во вториот сет, а во третиот при водство на противникот 0-2, мораше да го предаде мечот.
Сепак, Приходко се појави на следниот меч во тандем во Калин Ивановски. И тој меч не го дочека крајот бидејќи нашите тенисери принудно го предадоа и тоа во првиот сет при водство на противникот со 2-5.






























