Фудбалерите на Барселона се старо-новите шампиони на Шпанија. Каталонскиот тим на најдобар можен начин стигна до новата титула.
Во популарното „Ел Класико“ одиграно на „Камп Ноу“, Барселона го совлада лутиот ривал Реал Мадрид со 2-0.
Целата работа домашните фудбалери ја зарпија уште во првото полувреме. Уште во деветтата минута, Маркус Рашфорд со ефектен гол од слободен удар донесе водство на Барса.
Не чекаа долго навивачите на Барселона на нова радост. Се играше 18-тата минута кога Феран Торес исто така на ефектен начин втор пат го совлада Куртоа, за водство од 2-0.
Барселона доминираше во текот на целиот натпревар, а Реал едноставно беше далеку од реномето. „Кралевите“ дири може да бидат и „среќни“, што на крајот загубија „само“ со два разлика.
Со оваа победа, а на три кола до крајот на првенството, Барселона има недостижна предност од 14 бодови во однос на Реал кој е втор.
За Барселона ова е 28-миот шампионски трофеј во Ла Лига. Сепак Реал Мадрид е убедливо прв на вечната листа со освоени 36 трофеи.































