Македонскиот виче-шампион ТФТ не успеа да направи брејк во првиот меч од финалето на АБА2 лигата. Составот од скопско Тафталиџе загуби на гостувањето кај босанскиот Широки со 88-69 на првата меѓусебна средба.

Иако избраниците на тренерот Боро Смилковски одиграа одлично прво полувреме, сепак во второто домашниот тим го потврди квалитетот. Имаше ТФТ и двоцифрена предност во првиот период (+11), а на полувреме замина со седум позитива. Во вториот дел брзо предноста на „црно-белуте“ од Скопје се стопи, а во последната со само 6 постигнати поени, поразот беше неизбежен.

Немаа решение кошаркарите на ТФТ за расположените американски противнички играчи. МекКриси заврши со 26 поени и 10 скокови, а Трис додаде 21 поен/ И кај макеоднскиот вицепрвак Американците беа први стрелци. Говенс реализира 17, а Гордон 14 поени.

Реваншот во Скопје ќе се игра за седум дена (29 април). Во серијата подобар до две победи, евентуалната мајсторка пак би се играла во Широки бријег и тоа на 6 мај.