Четирите екипи кои изминатиот викенд се бореа за првиот одбојкарски трофеј во Македонија (Купот), денеска ја почнуваат борбата за шампионската титула. Освојувачот на купот Штип УГД, актуелниот првак Струмица, тимот на Работнички и велешки ГОК Борец стартуваат со плеј-офот.

Најдобрите четири екипи на прволигашката табела, тргнуваат од полуфиналето, кое ќе се игра во два добиени натпревари.

Штип УГД со голема предност влегува во полуфиналето со Работнички. Сезонава штипјани ги добија сите три меча во меѓусебните првенствени соочувања со Работнички.

Поголема неизвесност може да понуди втората полуфинална двојка, ГОК Борец и Струмица. Велешкиот состав има три победи во исто толку одиграни натпревари сезонава, но само еден дуел завршил со максимален резултат.

ПРВА ЛИГА МАЖИ – ПОЛУФИНАЛЕ ПЛЕЈОФ

1 МЕЧ (01.04. – среда)
ГОК Борец – Струмица 17:45ч.
Штип УГД – Работнички 18:00 ч.