Познати се сите 48 репрезентации кои ќе бидат учесници на најголемото Светско фидбалско првенство во историјата.
По квалификациски циклус што траеше повеќе од две и пол години, селекцијата на Ирак ја победи Боливија со 2-1 во интерконтиненталниот плејоф натпревар.
Репрезентациите се поделени во 12 групи од по четири екипи. Двете првопласирани од секоја група и осум најдобро трето рангирани ќе се пласираат во осминафиналето.
Домаќини ќе бидат САД, Мексико и Канада, а шампионатот ќе се игра од 11 јуни до 19 јули.

СВЕТСКО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО 2026
Група А: Мексико, Чешка, Јужна Африка, Јужна Кореја
Група Б: Канада, Босна и Херцеговина, Катар и Швајцарија
Група Ц: Бразил, Хаити, Мароко, Шкотска
Група Д: САД, Австралија, Парагвај, Турција
Група Е: Курасао, Еквадор, Германија и Брегот на Слоновата Коска
Група Ф: Холандија, Јапонија, Шведска, Тунис
Група Г: Белгија, Египет, Иран, Нов Зеланд
Група Х: Зеленортски острови, Саудиска Арабија, Шпанија, Уругвај
Група И: Франција, Норвешка, Сенегал, Ирак
Група Ј: Алжир, Аргентина, Австрија, Јордан
Група К: Колумбија, Јамајка, Португалија, Узбекистан
Група Л: Хрватска, Англија, Гана, Панама



































