Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски ги претстави соработниците кои ќе ,у помагаат во новата функција.
Во стручниот тим како асистенти ќе работат:
Борче Христов – шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центар за едукација.
Ерхан Селими – досегашен селектор на Македонија до 19 години.
Зоран Бошковски – Чоко, наш легендарен голгетер и стрелец на првиот гол во историјата на македонската репрезентација.
Ванче Шиков, кој зад себе има 58 настапи за Македонија.
Гого Јовчев кој ќе работи со голманите.
Како видео-аналитичар на А репрезентацијата е ангажиран Мартин Христов, а селекторот Гоце Седлоски дополнително ќе го соопшти името на кондицискиот тренер кој ќе му се приклучи на стручниот тим.
Со овој состав, Седлоски гради стручен штаб составен од докажани професионалци, со јасна цел, стабилност, континуитет и натамошен напредок на македонската репрезентација.






































