По поразот на македонската фудбалска репрезентација од Велс со резултат 7-1 во квалификациите за Светското првенство 2026, селекторот Благоја Милевски ја презеде  одговорност.

Во изјава за медиумите веднаш по натпреварот, Милевски истакна дека повеќе го загрижува начинот на кој е доживеан поразот отколку самиот висок резултат.

„Секако дека не ни е сеедно на сите нас. Особено на мене, затоа што одговорноста е моја. Секогаш била и ќе биде“, изјави Милевски.

Тој објасни дека тимот не успеал да одговори на агресивноста и високата мотивација на противникот.

,,Начинот на кој што тој резултат е постигнат ме боли повеќе отколку самиот резултат. Головите што ги примивме се производ на индивидуален квалитет, посебно на тркачки план не успеавме да одговориме“, додаде селекторот.

И покрај болниот пораз, Милевски застана зад своите играчи, потсетувајќи дека станува збор за истата група на фудбалери кои обезбедија историски успеси и пласман во баражот за Мундијалот.

„Ова се играчите кои ги донесоа успесите и обезбедија бараж за Мундијал. Момент на лош меч… толку. Кога ќе направите толку индивидуални грешки, поразот е неминовен“, заклучи Милевски.

Македонија обезбеди место во баражот за Светското првенство преку Лигата на нации.

Ждрепката за полуфиналните двојки, каде Македонија ќе биде неносител и ќе игра на гостински терен против еден од најдобро рангираните тимови. Можни противници на Македонија се: Италија, Данска, Турција или Украина. Ждрепката е закажана за утре, 20 ноември.ж во 13 часот.