Македонската фудбалска репрезентација не успеа кога беше најпотребно. Во последниот натпревар од квалификациите за СП 2026 загуби на гостувањето во Кардиф кај Велс.

Во дуелот кај директно решаваше за второто место во групата Велшаните славеа убедливо со 7-1.

Домашната селекција уште во првиот дел го најави триумфот. Со головите на Вилсон од пенал во 18-тата и Брукс трои минути подоцна (21) Велшаните веќе направи предност од гола. По брзата контра во 23.минута Миовски ја врати надежта на македонската селекција. Сепак домашната репрезентација повторно дојде до два позитива, а стрелец за 3-1 во 37.минута беше Џонсон.

Целосната надеж на Македонија дека ќе остане непоразена беше срушена во 57.минута кога Џејмс зголеми на 4-1. Со својот втор гол Вилсон во 75.минута зголеми на 5-1, а го комплетира својот хет-трикот во 81-та минута. Но, тоа не беше крај, бидејќи Бродхед во 88.минута ги постави конечните 7-1 за Велс.

Сега Македонија ќе мора по потенкиот пат, идејќи ќе биде во третата квалитативна група во ждрепката за баражот за Мундијалот. Ждрепката за баражот е во четврток во 13 часот.