Македонската тенисерка Лина Ѓорческа забележа голема победа на стартот од силниот ВТА турнир W125, Самсун Опен во Турција.

Таа во мечот од 1.коло ја надигра поранешната тенисерка број 1 на светот Каролина Плишкова од Чешка. Мечот што траеше само 75 минути Лина го доби со 2-0 во сетови (6-4 и 6-3). Плишкова во кариерата осум недели беше на чело на ВТА ранг-листата, а има и два финални меча на Грен слем турнирите (Вимблдон и УС опен).

Следна противничка на Ѓорческа ќе и биде Софија Костулас од Белгија.

За Ѓорческа денеска останува уште еден меч. Во конкуренција на двојки со Чагла Бујукакчај од Турција треба да го завршат мечот од 1.коло против словенечките тенсиерки Далила Јакупович и Ника Радишич. Словенечкиот дубл води со 1-0 во сетови, а во вториот сет резултатот е 1:1 во гемови. Мечот почна во понеделникот и беше прекинат поради дожд.

Следете нé на социјалните мрежи