Во второто коло од Европскиот куп, ракометарките на Чаир гостуваа кај словенечката екипа Ајдовшчина.

Првиот дуел од двомечот., словенската екипа го доби со резултат 27:24.

Домаќинките подобро го отворија натпреварот и со серија од 3:1 наметнаа свое темпо. Веќе во 14-тата минута предноста изнесуваше 8:4, а до крајот на полувремето Ајдовшчина го контролираше резултатот, заминувајќи на пауза со солидни 16:11.

Чаир се обиде да се врати во игра и во 36-тата минута ја намали негативата на 18:15, но домашниот состав умешно ја одржуваше разликата и не дозволи пресврт. По израмнет финиш, Ајдовшчина го потврди триумфот со конечни 27:24.

Најефикасни од Чаир беа Дамчевска со осум и Николовска со пет погодоци.

Реванш натпреварот ќе се одигра на 4 октомври со почеток во 19:00 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

Потсетување дека и ракометарките на Куманово денеска во истата фаза на истото натпреварување од гостувањето во Литванија се враќаат со седум голови негатива.

Ивона Кимовска

Следете нé на социјалните мрежи