Ракометарите на Вардар ја остварија и четвртата победа сезонава во Супер лигата откако вечерва во дербито на колото го совладаа Тиквеш во Кавадарци со 30:25. Домашниот тим беше конкурентен само во првите 10-тина минути кога го имаше и последното водство од 5:4. Во продолжението избраниците на Иван Чупиќ, имаа контрола над играта и резултатот и остварија сигурен триумф. Дмитро Горига од Вардар со 8 голови беше најефикасен на дуелот.
На другите дуели од денешната програма повеќе успех имаа гостинските екипи: Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 22:25, МРК Куманово – Бутел 24:27, Радовиш – Алкалоид 23:35, додека единствената победа како домаќин ја постигна Прилеп против Пролет 35:33.
На вчера одиграниот дуел Еурофарм Пелистер – Струга 45:24.
Табела: Вардар 8 бодови, Еурофарм Пелистер 7, Алкалоид 6, Бутел 6, Охрид 5, Пролет 4, Еурофарм Пелистер 2 4, Прилеп 4, Тиквеш 2, МРК Куманово 2, Радовиш 0, Струга 0.
Во следното коло на 1.октомври се игра дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.
































