Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и овој понеделник има напредок во новото рангирање на ВТА листата.
Ѓорческа иако минатата седмица на турнирот во о Куршумлијска Бања, Србија заврши во четвртфиналето, сепак освои нови бодови. Тетовката го подобри своето салдо со нови 16 поени, па сега има 358.
Со тоа Лина направи скок од девет места на денеска објавената ВТА листа, па сега е рангирана на 198 место. Потсетување дека нејзиниот најдобар ранкинг беше на 12 јули 20217 година кога се најде на 170-тата позиција.
Што се однесува до најдобро рангираните, во ТОП-10 нема промени. Така и натаму убедливо прва е Белорусинката, Арина Сабаленка, пред Ига Швјатек од Полска и Американките, Коко Гоф и Аманда Анисимова.


































