Младинската женска ракометна селекција денес патува за Црна Гора, каде што ќе настапи на Европското првенство! 🤾‍♀️

Пред почетокот на шампионатот, нашите младинки вечерва ќе одиграат пријателска средба со селекцијата на Косово (19:30 ч.).

На шампионатот во Подгорица, македонските ракометарки ќе настапуваат во А групата во која редоследно ќе играат со: Чешка, Полска и Унгарија.

Европското првенство ќе го започнат со дуел против селекцијата на Унгарија, закажан за во среда, а ден подоцна против Полска. Петок ќе биде слободен ден на црвено-жолтите, а во сабота ќе се игра натпреварот со Чешка.

Директен пласман во главната фаза ќе обезбедат првопласираните селекции од петте групи, како и три најдобро трето рангирани.

МАКЕДОНИЈА – Распоред Група А

Среда, 9 јули 2025 МАКЕДОНИЈА – Унгарија 19:30 часот
Четврток, 10 јули МАКЕДОНИЈА – Полска 14:30 часот
Сабота, 12 јули МАКЕДОНИЈА – Чешка 19:30 часот

Ивона Кимовска

Следете нé на социјалните мрежи