Во најквалитетната европска клупска кошаркарска конкуренција, Евролигата, вечерва започнува разигрувањето.

За прв пат, по урнекот на НБА лигата, и во Евролигата ќе се играат така-наречени плеј-ин натпревари. По нив ќе ги дознаеме и последните два тима што ќе се пласираат во првата рунда од разигрувањето за шампионската титула.

Победникот од дуелот Реал – Париз оди на мегдан во четвртфиналето против Фенербахче.

Поразениот пак ќе добие уште една шанса и тоа во дуелот со подобриот од мечот Баерн Минхен – Црвена Звезда. Дури потоа ќе биде познат последниот, осми тим во разигрувањето, што ќе го даде противникот на Олимпијакос.

Инаку во четвртфиналната рунда веќе се познати два пара и тоа, Монако – Барселона и Панатинаикос – Анадолу Ефес.

ЕВРОЛИГА , ПЛЕЈ-ИН
20:30 БАЕРН – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА
21:00 РЕАЛ МАДРИД – ПАРИЗ