Во фудбалската Лига на шампиони, денеска и утре ќе се играат реванш дуелите од четвртфиналето.
Екипата на Барселона се со една нога веќе во полуфиналето на Лигата на шампионите. Ова откако во првиот четвртфинален натпревар шпанската екипа пред своите навивачи ја декласира Борусија Дортмунд со 4-0, па во реваншот во Германија, Барса ќе има огромна предност.
Само чудо може да го елиминира шпанскиот тим од полуфиналето во кое Барселона би играла со подобриот од дуелот меѓу Интер и минхенски Баерн. Во реваншот во Милано, италијанскиот шампион ќе стартува со предност од еден гол, откако во Минхен славеше со 2-1.
А, голем предизвик ќе има актуелниот шампион Реал Мадрид кој ќе треба да надополни три гола негатива во дуелот со Арсенал кој во Лондон победи со 3-0. Доколку Кралевите успеат во тоа, тие во полуфиналето би играле со подобриот од дуелот Астон Вила – ПСЖ.
На реваншот во Бирмингем, вечерва, францускиот шампион ПСЖ влегува со два гола предност. Иако парижаните имаа негатива од 0-1, сепак успеаја да направат комплетен пресврт и да слават со 3-1 на првиот меч.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/4-ФИНАЛЕ Реванш
15 април Вторник
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – БАРСЕЛОНА (0-4 прв натпревар)
АСТОН ВИЛА – ПСЖ (1-3)
16 април Среда
РЕАЛ МАДРИД – АРСЕНАЛ (0-3)
ИНТЕР – БАЕРН МИНХЕН (2-1)
Сите натпревари започнуваат во 21:00 часот