Најдобрата машка одбојкарска репрезентација на Македонија е во Романија каде денеска и утре ќе одигра контролни натпревари. Во изменет состав и со нов селектор, македонските одбојкари, се подготвуваат за уште едно долго лето. 

Натпреварите со Романија се дел од подготовките за настапот во новото издание на Европската златна лига. 

Капитенот Никола Ѓорѓиев, вели дека сеуште е рано да се дадат очекувања за настапот во лигата, но она што го радува е прогресот на младите играчи.

„За мене ова е нов почеток. Ова е една нова генерација која сега треба да го помине патот кој го помина минатата генерација. Искрено, многу сум возбуден што ќе бидам капитен и на овие деца и се надевам дека ќе им го вградиме тој македонски победнички дух и ќе го продолжиме патот кон ново Европско првенство. 

Истрајно сум изненаден сум од напредокот на некои играчи кои се гледа дека многу работеле, минатата сезона.

Пред нас се натпревари за кои незнам што може да очекуваме. Сакам да видам како ќе изгледаат пријателските со Романија, како и дуелите во Европската златна лига пред нашата публика во Струмица.

Она главното доаѓа во август со квалификациите за Европското првенство. Најважно е да останеме здрави, да го изградиме тој победнички дух и атмосфера кои не красеа и минатите години и мислам дека може да се надеваме на едно успешно лето“,
вели Ѓоргиев.

Натпреварите со Романија ќе се играат денеска и утре по што репрезентацијата се враќа во Струмица. Таму од 17 до 17 мај ќе се играат натпреварите од првата рунда во Златната лига. Македонија за противници ќе ги има Естонија и Чешка.