Пелистер и Работнички попладнево ќе го играат третиот полуфинален натпревар од плејофот. Во него двата тима влегуваат со по една победа во серијата подобар до три.

Тренерот на пелистерци Дарко Радуловиќ смета дека ќе решаваат индивидуални моменти и поголемата инспирација на овој дуел.

„Имавме еден извонреден натпревар во Скопје кој го добивме со квалитетна напад и одбрана, па имавме друг меч во кој потфрливме во нападот и игравме послабо енергетски.
Целта да се добие еден меч на гости е исполнета, а сега се подготвуваме за мечот во Битола каде ни е потребна публиката како шести играч, ни треба екстра-енергија.

Подготовките течат добро, сите играчи се здрави и сакаат да го дадат максимумот. Сите детали се познати, фалат уште мали модификации и ротации. Ќе видиме дали и Работнички ќе дојде со некој новитет.

Се знаеме добро ние две екипи, ќе решаваат индивидуални моменти. Ние мора да играме квалитетна одбрана и да ги ограничиме нивните најдобри играчи, затоа што се работи за доста потентна екипа напаѓачки.
Ќе има и доста борба на физички план, сите ќе мора енергетски да се дадат максимално“, изјави Радуловиќ.

Натпреварот Пелистер – Работнички ќе почне од 18.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.