Грчките екипи Панатинаикос и Олимпијакос го комплетираа списокот на четири тима кои ќе играта на „фајнал-форот“ во Евролигата.

Иако се очекуваше шпанското „Ел Класико“ во полуфиналето, до тоа нема да дојде. Олимпијакос се погрижи за тоа добивајќи ја „мајсторката“ со Барселона.

Така тимот од Пиреа, за противник во полуфиналето ќе го има актуелниот шампион Реал Мадрид. Наместо шпанско, во финалето можно е грчко финале.

Но за тоа покрај победа на Олимпијакос, потребно е и Панатинаикос да го мине својот полуфинален ривал Фенербахче.

Завршниот турнир во Евролигата ќе се игра во Берлин. Полуфиналните натпревари на програмата се на 24 мај, а оние за пласман (3.место и финале) два дена подоцна (26 мај).