Српскиот кошаркар Никола Јокиќ трет пат во кариерата е прогласен за најкорисен играч „МВП“ во НБА лигата.

Јокиќ првото признание го доби во 2021 година, а веќе следната повторно се најде на врвот. Минатата сезона, престижниот трофеј, според многумина неправедно му припадна на Џоел Ембиид. Затоа Јокиќ стана МВП во финалната серија, освојувајќи го и шампионскиот прстен.

Јокиќ по трет пат во кариерата е прогласен за најкорисен играч на НБА, соопштено од најсилната лига на светот. Покрај асот на Денвер, во потесниот круг беа и Лука Дончиќ од Далас и Шеј Џилиус Александер од Оклахома.

Јокиќ стана само деветтиот играч во НБА со три или повеќе МВП награди.

Пред него се: Карим Абдул-Џабар (6), Мајкл Џордан и Бил Расел (5), Вилт Чембрлен и Леброн Џејмс (4), додека по три признанија имаат Мозес Мелоун, Лери Бирд и Меџик Џонсон.