Екипата на Далас е на едена победа од пласман во полуфиналето на плејофот во Западната конференција. До ова Меверикс стигна со триумфот во Лос Анџелес кај Клиперси со 123-93 и поведоа со 3:2 во победи.

Лука Дончиќ одигра уше еден брилијантен натпревар.

Словенецот во вториот дел постигна 20 од своите 35 поени и на тоа додаде десет асистенции и седум скока. Максимилијан Клебер постигна 15, а Кајри Ирвинг и Џејден Харди придонесоа со по 14 поени.

Кај Клиперси најдобар беше Пол Џорџ со 15 поени и 11 скока и Ивица Зубац, кој исто така постигна 15 поени.

Следниот натпревар од оваа серија е закажан за ноќта меѓу петок и сабота во Далас.