Со одигрувањето на двата натпревари од плеј-инот, позната е претпоследната екипа што ќе игра во четвртфиналето на Евролигата. Последната пак, ќе ја дознаеме по дуелот меѓу Виртус Болоња и Басконија.

Во директната битка за плејофот, Макаби како домаќин во Белград ја надигра шпанската Басконија, Израелскиот првак славеше со убедливи 113-85. Макаби со тоа го освои 7.место во конечниот поредок и во четвртфиналето ќе игра против Панатинаикос.

Виртус Болоња направи големо изненадување елиминирајќи го екс шампионот Анадолу Ефес. Во неизвесен натпревар одигран во Истанбул, Виртус славеше со 67-64. Последна пречка за италијанскиот тим ќе биде Басконија. Исходот од тој дуел го чека шампионот Реал Мадрид како противник во четвртфиналето.

ПЛЕЈ-ОФ ЧЕТВРТФИНАЛЕ
вторник 23 април

19.30 ПАНАТИНАИКОС – МАКАБИ ТА
21.00 РЕАЛ МАДРИД – Виртус Болоња / Басконија
среда 24 април
19.00 МОНАКО – ФЕНЕРБАХЧЕ
21.00 БАРСЕЛОНА – ОЛИМПИЈАКОС