Екипата на Париз Сен Жермен ја елиминира Барселона и се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Светците“ ја надигра Барселона и успеа да ја надополни негативата од првиот меч (2:3) со триумф од 4:1

Во првото полувреме Барселона многу брзо поведе со 1:0 со голот на Рафиња во 12.та минута. Роналд Араухо по невнимателен прекршок заработи црвен картон во 29.та минута. Осман Дембеле изедначи на 1:1 во 40.та минута.

Во второто полувреме ПСЖ едноставно доминираше. Најпрво на 2:1 зголеми Витиња во 54.та минута. Мбапе беше прецизен од белата точка во 61.та минута за 3:1. Печат стави Мбапе во 89.та минута со неговиот втор гол и конечни 4:1.

Во полуфиналето ПСЖ ќе ја пречека Борусија Дортмунд која беше подобра од Атлетико Мадрид. На првиот полуфинален натпревар ќе се игра во Дортмунд 9 или 10 мај.