Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го одигра првиот натпревар од четвртфиналето на плејофот во регионалната АБА2 лига. Аеродромци во својот „Јане Сандански“ го пречекуваат составот на Широки Бриејг тим кој им е „должник“ од последното коло.

МЗТ тогаш загубија од оваа екипа со што пропуштија шанса директно да обезбедат бараж дуел со најслабо рангираниот тим од првата АБА лига. Сега сино-белите ќе мораат по потешкиот пат да ја остварат целта, враќање во елитната конкуренција.

Имајќи го во предвид системот на натпреварување во плејофот, вечерашниот натпревар од од огромна важност. МЗТ ќе мора да оствари победа со што е можно поголема разлика, како помирно би патувале на реваншот.

Затоа од таборот на аеродромци решија вратите на СЦ „Јане Сандански“ да бидат ширум отворени, како нивните навивачи би дошле во огромен број, а со тоа играчите би ја имале неопходната поддршка од трибините.

Вечерашниот натпревар меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Широки Бријег ќе почне во терминот од 20 часот.