Со одигрувањето на пола од натпреварите на претпоследното коло во Евролигата, познати се шесте екипи кои директно обезбедија пласман во четвртфиналето.

Покрај актуелниот првак и лидер Реал Мадрид, првата нокаут фаза ќе ја прескокнат: Барселона, Монако, Панатинаикос, Олимпијакос и Фенербахче.

За место во четвртфиналето сигурно ќе се борат Макаби и Виртус кои ќе завршат на седмата и осмата позиција.

Остануваат да се пополнат уште две позиции што водат во т.н. плеј-ин.

Во игра за нив се четири тима. Шпанската, Басконија има победа повеќе од ривалите, а вечерва гостува кај Реал во Мадрид.

Анадолу Ефес и Партизан имаат по 15 победи, но турскиот тим вечерва го пречекува „литиот“ ривал Фенербахче. Евентуален „кикс“ на Ефес чека италијанскиот Милано кој е 12-ти со една победа помалку од ривалите.