Со натпреварите во Скопје и Охрид започнува третиот дел прволигашката кошаркарска сезона.

Осумте првопласирани екипи ќе играат во плејофот, а ќе се борат за шампионскиот трофеј. Останатите четири преку нови шест кола ќе водат битка за опстанок во елитата.

Во СЦ „Јане Сандански“, шампионот МЗТ Скопје Аеродром одбраната на титулата ја почнува до четвртфиналните дуели со Гостивар. Серијата се игра подобар до три победи или максимални пет натпревари.

Стартот на овој натпревар е во 19 часот, како и дуелот во Охрид.

Таму пак кошаркарите на Охрид и Академија ФМП ја почнуваат првата од шесте руни во разигрувањето за опстанок, конкуренција во која се Кожув и Вардар.

Останатите натпревари во двата сегмента ќе продолжат во сабота.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ – ПЛЕЈОФ ЧЕТВРТИНАЛЕ (во три добиени)
петок

19.00 (1) МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР
сабота
18.00 (2) РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС
19.00 (3) ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ
21.00 (4) ЧАИР – ТФТ

*Во полуфинале ќе играат победниците од дуелите, (1) – (4) и (2) – (3)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈАУТ ЛИГА
Петок

19.00 ОХРИД – АКАДЕМИЈА ФМП
Сабота
18.00 КОЖУВ – ВАРДАР

ТАБЕЛА: Кожув 27, Охрид 26, Академија ФМП 26, Вардар 25