Фудбалската репрезентација на Македонија бележи пад од едно место на најновата ФИФА ранг листа.

Ова се должи на слабите резултати на контролните натпревари во Анталија. Црвено-жолтите одиграа без победник со Молдавија и беа поразени од Црна Гора.

Така сега Македонија е рангирана на 69-тото место на најновата ФИФА листа што е за едно послабо од претходното рангирање.

Кога станува збор за најдобрите репрезентации на светот, немаше промени, па лидер и натаму е актуелниот светски првак Аргентина пред Франција. Репрезентацијата на Англија е трето рангирана, а Белгија падна на четвртата позиција.

Листата на ТОП-10 ја надополнуваат: Бразил, Португалија, Холандија, Шпанија, Италија и Хрватска.