Одбојкарскиот шампионат на Македонија влегува во завршната фаза. Денеска и утре на програмата се првите полуфинални натпреварот од плејофот во двете конкуренции.

Први ќе „сервираат“ мажите, односно екипите на Работнички и Штип УГД на дуелот во Скопје. Ова е реприза на полуфиналето на Купот кое штипјани го добија, а неколку дена подоцна Работнички им се реваншира. Затоа во овој „двобој“ може да очекуваме голема неизвесност во серијата што се игра до две победи.

Во втората полуфинална серија, актуелниот шампион Струмица важи за апсолутен фаворит во дуелите со Универзитет во Тетово.

Кај дамите, првите два полуфинални натпревари ќе се играат денеска. Во струмичката пресметка екипата на Струмица жени ја има фаворитската улога против локалниот ривал Наковски волеј.

По неизвесно се очекува да виде „скопското“ полуфинале меѓу Јанта волеј и бранителите на шампионскиот трофеј, одбојкарките на Работнички.

Според однапред утврдениот календар, реванш дуелите ќе се играта претстојниот викенд, а евентуалните „мајсторки“ наредната среда.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈОФ ПОЛУФИНАЛЕ
Среда

17.30 РАБОТНИЧКИ – ШТИП УГД
Четврток
19.00 СТРУМИЦА – УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈОФ ПОЛУФИНАЛЕ
среда
19.30 ЈАНТА ВОЛЕЈ – РАБОТНИЧКИ
20.15 СТРУМИЦА – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ
*се игра во два добиени натпревари