Вечерва во кошаркарската Евролига е испишана историја која долго ќе трае.

За тоа се погрижи Американецот, Хејс Дејвис кошаркарот на Фенербахче. Во натпреварот во Истанбул, го предводеше Фенербахче до победа над Алба со 103-68, тој постигна речиси половина од поените за победничката екипа.

Дејвис Натпреварот го забрши со рекордни 50 поени постигната за безмалку 30.минути минати во игра.

Со тоа Дејвис го собори досегашниот рекорд на Шеј Ларкин кој за Ефес против Баерн во 2019 година постигна 49 поени.

Инаку Дејвис погоди и рекордни 9 тројки на овој натпревар.