Женската фудбалска репрезентација на Македонија ја очекува старт на нов циклусот на квалификации за Европско првенство, ова во 2025 година во Швајцарија.

На почетокот на април, нашата женска селекција ќе одигра првите два натпревари, а противници се Летонија и Словенија.

На 5 април во Рига ќе и гостуваме на селекцијата на Летонија, со почеток во 17 часот. Четири дена подоцна (9 април) на домашен терен ја пречекуваме селекцијата на Словенија. Дуелот против Словенија ќе биде одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток во 15. часот.

Новиот селектор, Александар Андов, за квалификациските мечеви со Летонија и Словенија се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:
Берна Кабакчи – Карсон, САД
Викторија Панчурова – Тиверија
Миа Петровска – Бохум, Германија
ОДБРАНА:
Ана Милчевска – Ланчкахути, Грузија
Ане Бошевска – Тиверија
Павлинка Николовска – Љуботен
Викторија Недева – Тиверија
Елена Петровска – Љуботен
Кристина Мојсоска – Ас Јунајтед
Елена Панеска – Каменица Саса
СРЕДЕН РЕД:
Оливера Цоклеска – Ас Јунајтед
Радица Велкова – Каменица Саса
Хава Мустафа Шкендија
Александра Марковска – Љуботен
Марјана Нацева – Борусија Дортмунд, Германија
Мила Талевска – Атлетико
Икмете Лимани – Св Веинберг 67, Германија
Наташа Андонова – Леванте, Шпанија
НАПАД:
Јилза Максути – Ас Јунајтед
Афродита Салихи – Шкендија
Теодора Шопов – Тиверија
Стефанија Маринковска – Каменица Саса
Гентијана Рочи – Купс, Финска

Собирот на репрезентација е закажан за 1 април.