Како вовед во новата сезона во машката кошаркарска Супер лига, се играат подготвителни натпревари.
Дел од нив се играат во Битола, каде се одржува првиот Меморијален турнир „Зоран Петковски – Петко“. Турнир е посветен и во сеќавање на битолската кошаркарска легенда Зоран Петковски кој целиот свој живот го посвети на кошарката и битолскиот клуб Пелистер.
Денеска на програмата се натпреварите за пласман.
Во финалето ќе играат екипите на Куманово и скопскиот ТФТ. Ова откако вчера во полуфиналните дуели, на отворањето Куманово го совлада Пелистер, а екипата на ТФТ го надигра шампионот МЗТ Скопје Аеродром.
Така денеска од 15 часот во дуелот за трето место ќе играат пелистер и МЗТ Скопје, а во финалето од 17 часот, Куманово и ТФТ.
Натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇



































