Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години, денеска ќе го одигра последниот натпревар во квалификациите за Европскиот шампионат.

Во последната трета рунда од групата 7, чии натпревари се играат во Скопје, Македонија за противник ја има Летонија.

Двете репрезентации веќе ги загубија шансите за пласман на првата позиција што води на континенталното првенство. За неа ќе се борат Украина и Швајцарија во меѓусебен дуел.

Тие репрезентации остварија победи во дуелите со македонската и латинската селекција.

Така на избраниците на селекторот Тони Јакимовски денеска им останува да потврдат дека не случајно беа дел од елитната, втора квалификациска рунда.

Двата натпревари ќе започнат во терминот од 14 часот.

Македонија и Летонија ќе играат на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, а Украина и Швајцарија во Ѓорче Петров.