Двете сениорски ракометни репрезентации на Македонија (жени и мажи) ги дознаа премиите за пласман на следните големи натпреварувања.

Дамите ги дели една победа во следните два меча од учество на Европското првенство годинава. Мажите пак пласман на Мундијалот догодина ќе бркаат во двомечот со Фарските острови во мај месец.

УО на РФМ денеска донесе одлука, двете селекции да добијат по 2 милиони денари премии.

Меѓу останатите одлики на УО на РФМ е и онаа за домаќин на завршниот турнир во Купот на Македонија.

РФМ реши натпреварите од годинашното издание на „фајнал-фор“ турнирот да се играат во Скопје.

Полуфиналните и финалните натпревари во двете конкуренции ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ од 17-ти до 19-ти мај.