Младинската фудбалска репрезентација на Македонија од 21 година денеска ќе го игра петтиот натпревар во квалификациите за следното Европско првенство.

Македонските младинци ќе ја имаат улогата на фаворит во дуелот против Гибралтар селекција која досега нема освоено ниту еден бод во групата седум. Црвено-жолтите пак имаат три и тоа оние од првиот меч на гостувањето кај Шведска против која ќе играат по пет дена.

Избраниците на Драган Канатларовски ја прифатија таа улога и најавија дека ќе атакуваат на трите бода. Со победа над Гибралтар, Македонија ќе се израмни со Ерменија на табелата со ист број на бодови. Тоа секако би ја зголемило и самодовербата во националниот тим пред следниот натпревар со Шведска.

И двата натпревари македонските младинци ќе ги играат пред домашната публика на Националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје. Почетокот на натпреварот е од 14 часот, термин во кој ќе се игра и делот со Шведска на 26 март.

Картите за овие натпревари ќе се продаваат по симболична цена од 100 денари.

Standings provided by Sofascore