Битолски Пелистер со победа го полична последниот турнир во АБА2 лигата што се одржува во Широки Бријег. Пелистерци во драматична завршница со тројката на Александар Костовски го победија Борац Бања Лука со 73-72.

Тешко одеше поентирањето на старото, а првите поени ги постигнаа на истекот на третата минута (2-9), во продолжението пелистерци почнаа да погодуваат. Најрасположен беше Александар Костовски кој погоди три тројки. Зелено-белите ја презедоа контролата на резултатот и ја добија првата четвртина со 23-18. Во вториот период Пелистер имаше најголеми девет поени предност (29-20). Но, со неколку несфатливи одлуки на арбитрите, Борац се врати во игра, па на полувреме резултатот беше 40-36 за Пелистер.

Во третата четвртина, шутот проработе кај противничката екипа, која во неколку наврати имаше и двоцифрена предност. Сепак избраниците на Дарко Радуловиќ не се откажаа и во последниот период ја анулираа негативата. Тимовите се менуваа во водство до самиот крај. А, во него Костовски кој реализира 11 поени во првото полувреме, ја презеде одговорноста.

На 39.секуинди пред крајот со првиот кош во второто полувреме и тоа тројка, му донесе водство на Пелистер 73-72. Борац го имаше последниот напад, но безуспешен, па пелистерци можеа да се радуваат на победа.

Костовски натпреварот го заврши со 14 поени и беше втор стрелец кај зелено-белите за кои Планиниќ постигна 21, а Најт 13.

Со оваа победа пелистерци си ги зголемуваат шансите за пласман во плејофот и во исчекување на другите натпревар од ова коло, во моментов се на 8 место. Пелистер има 16 бодови, колку што имаат Борац и екипата на Подгорица која е следен противник на битолчани во дуелот закажан за во четврток четврток од 18 часот.

Утре пак од 21 часот, ќе се одигра македонското дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ.