Победата над Борац Бања Лука, за кошаркарите на Пелистер ширум им ги отвора вратите за плејофот во АБА2 лигата. 

Триумфот на еден од конкурентите за позициите во разигрувањето пелистерци го остварија со карактерна игра во последната четвртина.

Ова меѓу другото по мечот го изјави тренерот на Пелистер, Дарко Радуловиќ.