Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, се собра во Анталија, каде ќе одигра два контролни натпревари со Молдавија и Хрватска.

Речиси сите ко беа на списокот на Милевски за овие натпревари се појавија на првиот тренинг. Единствено Даци поради повреда го откажа својот настап. Доцна вечерва на останатите ќе им се приклучи Столе Димитриевски (01:30), а последен утре ќе се стави на располагање и Бојан Димоски.

Овие натпревари се дел од подготовките за пристојниот циклуси во Лигата на Нациите кој стартува во септември.

Првиот тест македонските фудбалери ќе го имаат во петок (22 март) против Молдавија, а три дена подоцна (25 март) ќе играат против Црна Гора.