Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо е во Саудиска Арабија.

По лошите резултати со Рома, Мурињо доби отказ, па „специјалниот“ извесен период е без работа.

Подолго време Португалецот го поврзуваа со преселба на блискиот исток. Тој синоќа се појави на боксерскиот мега спектакл насловен како „Нокаут хаос“, на кој во главната борба Џошуа го нокаутира Нгану.

Мурињо беше во придружба саудискиот принц и веднаш светските медиуми поитаа со информациите дека ангажманот на „специјалниот“ е сé поизвесен.