Главниот меч на голем боксерски спектакл во Саудиска Арабија, не траеше долго. За тоа виновник е Ентони Џошуа.

Поранешниот двократен светски шампион Џошуа со нокаут во втората рунда го победи Френсис Нгану.

Овој пат поранешната УФЦ ѕвезда беше неможен против британскиот боксер како што тоа беше случај во борбата со неговиот сонародник Тајсон Фјури.

Џошуа уште во првата рунда најави дека е супер подготвен, па Нигериецот се најде на подот. Ја „преживеа“ таа рунда, но не и втората.

Со силен дирек во „брадата“ Џошуа уште еднаш го погоди Нгану. И овојпат НИгериецот се изправи на нозе, но не и по третиот удар, по што судијата во рингот беше принуден да го прекине мечот.

Британецот потврди дека е се враќа на старите патеки, па ја забележа четвртоата поибеда во низа, откако минатата година ги совлада Џермејн Френклин, Роберт Хелениус и Ото Валин.

Џошуа најави очекува набргу да добие шанса да се бори за титулата. На спектаклот беше присутен и неговиот ривал, ВБЦ шампионот Тајсон Фјури, кој не остана рамнодушен и со аплауз го поздрави нокаутот на Џошуа.