Со трката за ГН на Катар, започнува јубилејната 75-та сезона во Мото ГП шампионатот.

Она што ја прави специјална оваа сезона се рекордните 22 трки кои ќе се одржат во 18 земји низ светот.

Сезоната започнува утре на 10-ти март во Катар, а ќе заврши на 17 ноември во Валенсија. Трките се групирани географски за да им се олесни на тимовите да патуваат.

Големата награда на Арагон, која ќе се одржи на 1 септември, се враќа во календарот. Во Шпанија ќе се одржат четири трки, а новина во календарот е трката во Казахстан, која за првпат ќе организира натпревар во „кралската“ класа.

Пред летната пауза ќе има 11 трки, а исто толку и по паузата која е закажана од 7 јули до 2 август.

Втората трка е закажана за 24 март во Португалија. Трката во Аргентина се вози на 7 април, а седум дена подоцна се одржува и трката за ГН на САД.

Претпоследната трка на програмата е на 3 ноември во Малезија, а сезоната завршува на 17 ноември во Валенсија.

Домаќин на резервната трка ќе биде Унгарија на патеката Балатон.

Под најголем притисок ќе биде актуелниот шампион Франческо Бањаја на Дукати.

Негови главни ривали ќе бидат Хорхе Мартин од Прамак Дукати, пуленот на Роси, Безеки, како и браќата Маркез кои од оваа година ќе возат заедно во тимот на Грисини.

Дебитант во кралската класа е двојниот шампион во Мото 3 и Мото 2 шпанецот Педро Акоста кој ќе вози за тимот на КТМ Ред Бул ГасГас Теч.

Маркез не беше единствениот возач кој го пофали Акоста, а истото го направија и Франческо Бањаја и Алеш Еспаргаро.

Педро Акоста изгледаше како сè освен како дебитант за време на предсезонските тестирања во MotoGP, при што возачот на КТМ беше особено силен при симулациите на трка.

На последниот тренинг најдобро време имаше возачот на Грисини Марк Маркез, пред Фернандез и Акоста.

Квалификациите се денеска од 13 часот, а спринт трката е закажана за 17 часот. 

Трката е утре од 18 часот каде ќе се возат 22 круга.