Првата машка кошаркарска лига се ближи кон самиот крај. Остануваат уште четири кола по кои ќе бидат формирани двојките за плејофот.

Малата бодовна разлика на екипите на табелата, најавува интересен завршница, а многу работи може да бидат и појасни по одигрувањето на 19-тото коло.

Оваа рунда ќе биде отворена со дуелот во СЦ „Јане Сандански“, каде ќе се сретнат два од трите македонски претставници во АБА2 лигата.

Актуелниот шампион МЗТ Скопје го дочекува ТФТ. Аеродромци кои во календарската 2024-та веќе претрпеа три порази, го препуштија лидерското место на лутиот ривал Работнички. Од друга страна, ТФТ влегува по минатонеделната победа над битолски Пелистер и заедно со Еуро Никел се на делба од 3-тото до 5-тото место.

Лидер на табелата Работнички оди на гостување во Охрид. Во кавадаречки „Јасмин“, ќе играат Еуро Никел и Феникс, а во Битола, Пелистер ќе го дочека Чаир.

Во останатите два натпревари во Гевгелија и Гостивар, ќе играат екипи кои реално и ќе се борат за опстанок, но и последното место што води во плејофот.

Гостивар со евентуална победа над Вардар ќе биде поблиски до осмото место. Но, пораз ќе ги доведе гостиварци во ситуација за борба за опстанат. Тие имаат само една победа повеќе од Кожув и Академија ФМП кои играат меѓусебно како и екипата на Охрид. Два „чекори“ заостануваат вардарци.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 19.КОЛО
сабота
16:30 МЗТ СКОПЈЕ – ТФТ
17:00 ЕУРО НИКЕЛ – ФЕНИКС
18:00 КОЖУВ – ФМП АКАДЕМИЈА
18:00 ОХРИД – РАБОТНИЧКИ
18:30 ПЕЛИСТЕР – ЧАИР
19:00 ГОСТИВАР – ВАРДАР

ТАБЕЛА: Работнички 32, МЗТ Скопје Аеродром 32, Чаир 31, Еуро Никел 30, Пелистер 30, ТФТ 30, Феникс 29, Гостивар 23, Кожув 22, Охрид 22, Академија ФМП 22, Вардар 21.