Двете млади машки ракометни репрезентации на Македонија, младинската и кадетската, претстојното лето ги чека настап на Европските шампионатот.

Младинската репрезентација на ракометари до 20 години ќе игра на првенството во Словенија, додека помладите (до 18 години) во Црна Гора.

Како дел од подготовките за овие првенства двете репрезентации ќе ја искористат ЕХФ неделата да одиграат подготвителни натпревари.

Радослав Стојановиќ со јуниорите во Скопје, ќе спарингува против селекцијата на Хрватска, која ќе биде и еден од противниците на шампионатот. Натпреварите ќе се играат на 15-ти и 16-ти март.

Селекторот Стојановиќ денеска го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за овие дуели.

Собирот е закажан на ден 13 март (среда) со почеток во 13 часот во Хотел Карпош во Скопје.

Н

И кадетите односно селекцијата до 18 години ќе биде активна. Тие ден порано ќе гостуваат на врсниците во Црна Гора. Натпревари ќе се играат на 14-ти и 15-ти март.

На списокот на селекторот Наум Танески за овие дуели се 21 ракометар.

Собирот е закажан за ден 12 март (вторник) во 12 часот во Хотел Карпош Скопје.