И тоа чудо се случи. Македонката Андреа Нисева повторно ќе се бори под знамето на Македонија.

Имено, со помош на Македонскиот Олимписки Комитет, надминат е „спорот“, па Нисева во иднина ќе настапува за Македонија.

Ова денес беше договорено меѓу претседателот на МОК, Даниел Димевски, Андреа, нејзиниот татко и нејзиниот тренер.

Андреа инаку е носител на бронзен медал од Европското првенство во борење 2023 (слободен стил). Но, го свои настапувајќи за бугарската репрезентација.

Спорот меѓу Боречката федерација на Македонија и БК Олимпија од Штип, дел од поранешниот БК Балканец, е надминат, па Андреа во иднина ќе настапува за Македонија.

„Имајќи ги во предвид нашите долгорочни Олимписки планови и програми, посебно Олимписките игри Лос Анџелес 2028, силно верувам и цврсто сум убеден дека Андреа е идна македонска спортска гордост и иден носител на многу медали од Европски и Светски првенства, но и Олимписки игри“,
изјави по овој повод, претседателот на МОК, Даниел Димевски.

Андреа сега ќе биде и голем адут на Македонија за настап на Олимпијадата.