Откако минхенски Баерн и францускиот ПСЖ, вчеравечер, обезбедија пласман меѓу осумте најдобро=и во Лигата на шампионите, вечера ќе дознаеме уште два тима четвртфиналисти.

Блиску до тоа се актуелниот шампион Манчестер Сити и шпанскиот Реал Мадрид.

Манчестер пред своите симпатизери на „Етихат“ ќе влезе со два гола предност против Копенхаген кого на првиот меч го совлада со 3:1. Се освен пласман на „Граѓаните“ во следната фаза би била огромна сензација.

До некаде тоа важи и за дуелот во Мадрид во кој Реал е фаворит против германскиот Лајпциг.

Тимот за кој настапува македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“ ќе брка негатива од еден гол. Реал го доби првиот меч во Германија со голот на Брахим Дијаз со 1:0.

Ќе добие ли македонскиот репрезентативец поголема шанса од оние 15-тина минути од првиот меч останува да видиме!?

Двата натпревари ќе почнат во стандардниот термин од 21 часот.