Екипата на Луис Енрике, ПСЖ, се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите по добиениот двомеч со Реал Сосиедад.

Парижаните по првиот домашен натпревар во кој славеа со 2:0, а вечерва во реванш натпреварот во Сан Себастијан повторно беа подобри од Сосиедад совладувајќи го 2:1.

Килијан Мбапе ги постигна двата погодоци (во 15-тата и 56-тата минута) за ПСЖ и му донесе четвртфинале на Францускиот гигант.

Почесниот погодок за домаќинот го постигна Микел Мерино во самиот финиш на натпреварот (89-тата минута).

Пари Сен Жермен заедно со Баерн Минхен, кој убедливо славеше над Лацио со 3:0 (вкупно 3:1), се првите четвртфиналисти..