Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер утре ќе го одигра својот последен натпревар во Лигата на шампионите.

Пелистерци ќе гостуваат во Норвешка кај тимот на Колстад, екипа со пока впрочем ја отворија сезоната во елитното натпреварување.

И за двата тима тоа ќе биде последен натпревар во Лигата на шампионите имајќи в предвид дека нема да настапат во разигрувањето.

Затоа младиот ракометар на зелено-белите Павле Атанасијевиќ очекува интересен меч.

„Веруваме дека ќе сме подобри. Тоа беше прво наше искуство во ЛШ.

Ова е последен натпревар, двете екипи испаѓаме.

Мислам дека ќе дадеме добра игра и ќе се бориме 60 минути.

Тренерот ми дава повеќе шанса во одбраната.

Едноставно секој играч си ја гледа својата работа и тие минути треба да ги одработиме“,

вели Атанасијевиќ.

Утрешниот натпревар меѓу Колстад и Еурофарм Пелистер ќе се игра во попладневниот термин од 18.45 часот.