Во Втората македонска фудбалска лига, попладнево ќе бидат одиграни натпреварите од 19-тото коло.

Оваа рунда ќе мине во знакот на дерби дуелот што ќе се игра во Радовиш. Во него, домаќинот Детонит Плачковица го пречекува битолски Пелистер.

Ова е дуел на две од трите екипи кои претендираат за директен пласман во Првата лига. Гостите се второ рангирани со 42 бодови, пет зад лидерот Беса. Екипата на Детонит Плачковица е трета и заостанува шест бода зад пелистерци, а има исто толку повеќе од Арсими кој е четврто пласиран.

Бодовите се императив за двете екипи, а конечниот резултат може многу да реши многу во конечниот поредок на табелата.

Почетокот на натпреварот е закажан за 14 часот, термин во кој ќе се играат и останатите средби.

ВТОРА ЛИГА – 19.КОЛО
ДЕТОНИТ – ПЕЛИСТЕР
КОЖУВ – АРСИМИ
САСА – БЕСА
ВАРДАР НЕГОТИНО – ОХРИД
КАРАОРМАН – СКОПЈЕ
НОВАЦИ – ТЕТЕКС
БЕЛАСИЦА – БАШКИМИ
ОСОГОВО – ПОБЕДА

Standings provided by Sofascore